Advertisement
Другари и другарки!Колективот на С.Ц Дуња на 7 и 8 ноември Ве поканува на дружба за одбележување на 10-тиот роденден на С.Ц Дуња!
Социјалниот центар Дуња ја претставува пркосната искра во едноличното и брутално капиталистичко општество, активно поддржувајќи ги борбите кои се засноваат на класна, антинационалистичка и антиимперијалистичка основа во земјата и светот. Благодарение на солидарноста и заедничарењето опстанавме и дејствуваме сите овие години исполнети со потешкотии, предизвици, но и успеси во борбата против идеолошката хегемонија на класно раслоеното експлоататорско општество. Во овие десет години активно учествуваме во борби кои имаат за цел коренити општествено-економски промени, преку работнички штрајкови, протести, маршеви и блокади. Никогаш не останавме неми на неправдите дома и во светот. Истрајно и неколебливо го кревавме гласот против угнетувањето на беспомошните било каде во светот.
Преку вредностите кои ги негуваме, од жолтата куќичка успеавме да создадеме мало општество, налик на она за кое се бориме. Во текот на овие десет години, низ „Дуња“ поминаа илјадници луѓе. Секој од нив донесе, и понесе по нешто. С.Ц. Дуња беше активистички епицентар од кој произлегоа многу иницијативи - секоја исчекор понатаму во младинското и револуционерно организирање. Преку активностите во центарот пружаме отпор на моделите на однесување кои империјализмот ги наметнува преку културната хегемонија. Се трудиме да покажеме дека друг вид на социјализација е возможна, искрена, другарска и неконкурентска.
Кога ја започнавме нашата приказна во 2016 - паролата „подобро општество е возможно“ звучеше како нешто нереално и идеалистичко. Но во 2026, кога славиме десетгодишнина, оваа парола звучи сосема реално. Во земјата, регионот и светот, сосема возможно е набрзо да се случат револуционерни промени кои ќе нѐ донесат чекор поблиску до едно ново праведно општество!
За крај, Ви благодариме на сите кои нѐ поддржувате и го овозможувате постоењето на овој независен и солидарен простор. Заедно ќе го срониме овој неправеден свет и ќе изградиме нов!
За повеќе детали, видете ја целосната ПРОГРАМА во продолжение:
07.11.2026 (САБОТА)
- 12:30 - 14:15 - Колажи со Филипа Сара Попова (работилница)
- 14:30 - 16:15 - Забавно едукативен квиз
- 16:30 - 17:45 - „Денот потоа“ (109 години од Октомвриската револуција) - проекција на документарна емисија
(Социјалистичка Зора)
- 18:00 - 20:00 - Трибина „Антикапиталистичката левица денес и патот напред“, Говорници: Здравко Савески, Мариглен Демири, Александар Митров и Виктор Спасески (С.Ц Дуња)
- 20:30 - 21:30 - Џез за чудаци
- 21:30 - 23:00 - Караоке
08.11.2026 (НЕДЕЛА)
- 12:45 - 14:30 - Z (1969) - проекција на игран филм
- 15:00 - 16:00 - Заеднички ручек
- 16:15 - 18:15 - Трибина „10 години студентско организирање“ (студенти активисти)
- 18:30 - 20:00 - „Активистички одред ДУЊА (2016 - 2026)“ - проекција на документарна емисија (Гласни идеи & С.Ц. Дуња)
- 20:30 - 21:30 - Џез Квартет Спировски / Ивановски / Букршлиев / Новковски
Нинослав Спировски – кларинет, тенор & сопран саксофон
Никола Ивановски – труба
Филип Букршлиев – гитара
Кристијан Новковски – тапани
- 21:30 - 23:00 - Караоке
ЦЕЛОДНЕВНИ НАСТАНИ (САБОТА И НЕДЕЛА)
- Од 12:30 (сабота) до 20:30 (недела) во главната просторија на С.Ц. Дуња ќе имате можност да ја видите изложбата на цртежи и колажи со наслов „Сонот на Андрогинот“ изготвена од страна на другарката Наташа Гелева - Лени.
- Во истиот период, во дворот на С.Ц. Дуња анархистичкиот колектив Смоква ќе организира работилница Флинта столарија.
Advertisement
Event venue
Рајко Жинзифов 22, 1000 Skopje, North Macedonia, Улица Рајко Жинзифов 22, 1114 Скопје, Северна Македонија, Skopje, Macedonia, The Former Yugoslav Republic Of
Tickets