Advertisement
Можеме ли да го насликаме тоа што не го гледаме во природата?Растението не е само форма составена од корен, стебло, листови и цвет. Тоа е постојан процес на растење, движење, ширење и преобразба. Зад неговата видлива форма се одвиваат процеси кои можеме да ги насетиме преку правците на растење, спиралните движења, ритамот, поларитетите и односите со околината.
Во ова издание на Sunday Art Lab ќе навлеземе во еден поинаков начин на набљудување на растителниот свет. Инспирирани од Гетеовото истражување на метаморфозата на растенијата и од размислувањата на Рудолф Штајнер за формативните сили во природата, ќе се обидеме да го откриеме тоа што се крие зад надворешниот изглед на растението.
🎨 Што ќе истражуваме?
🌱 Растението како жив процес – ќе набљудуваме вистинско растение и ќе ги истражуваме неговите правци на растење, движења и ритми.
🌀 Спирали и формативни движења – преку слободна линија ќе ги истражуваме силите на отворање, ширење, собирање и разгранување.
☯️ Поларитети во природата – односот меѓу коренот и цветот, темнината и светлината, длабочината и отвореноста, собирањето и ширењето.
🎨 Бојата како израз на невидливото – ќе експериментираме со колорит, транспарентни слоеви, контрасти и интензитети, барајќи начин бојата да го изрази движењето и животот во растението.
Завршна сликарска задача
Секој учесник ќе создаде сопствена композиција инспирирана од невидливите сили на растението. Ќе работиме со акрилни бои на хартија, графит и јаглен, сув и масен пастел, комбинирајќи линии, органски форми, бои и слоеви.
Нема да сликаме ботаничка илустрација ниту реалистичен приказ на растение. Ќе се обидеме да го изразиме неговиот внатрешен ритам, динамиката на растењето и преобразбата на формите.
✨ За кого е работилницата?
За сите љубители на уметноста, сликањето и природата кои сакаат да експериментираат, да го продлабочат своето набљудување и да откријат нови можности за сликарско изразување.
Не е потребно претходно искуство. Љубопитноста и желбата за истражување се доволни!
📍 Место: Ателејето за цртање и сликање
📅 Датум: 08.11.2026, недела
⏰ Време: 11:00ч.
⏳ Времетраење: 3 часа
🎨 Сите материјали се обезбедени.
💵 1.000 денари со вклучени материјали
Плаќањето се врши пред почетокот на курсот на с-ка на Ателје Ларсон 300000004409074 во Комерцијална банка или во готово во Ателјето.
Пријавување: Испратете мејл на [email protected] за резервација на вашето место.
Дојдете да истражуваме, експериментираме и да откриеме како невидливите процеси на природата можат да станат видлива уметност.
🌿 Понекогаш е потребно да погледнеме подлабоко за да го видиме она што навистина е пред нас.
Advertisement
Event venue
Благој Давков 19/3, 1000 Skopje, North Macedonia, Улица Благој Давков 19, 1111 Скопје, Северна Македонија, Skopje, Macedonia, The Former Yugoslav Republic Of
Tickets