Advertisement
THE RED HOT EXPERIENCE – БРАЗИЛ во Станица 26 🎟️Билети преку продажната мрежа на: www.kupikarta.com, Розе Веро 2, ЈК травел во Бисер и Јк Травел Дајмонд.
🔗Линк: https://share.google/ZEDkBkDKkxpa1JJYj
Проектот The Red Hot Experience е создаден во Бразил, со внимателен избор на најдобрите музичари кои се способни да го репродуцираат секој детал и секоја нијанса од концертните настапи на легендарните Red Hot Chili Peppers (RHCP).
Бендот го сочинуваат музичари со децениско сценско искуство и меѓународни турнеи зад себе, со настапи во повеќе од 20 земји и 100 градови низ Јужна Америка и Европа.
Дополнително, членовите имаат посветено повеќе од 20 години на проучување на музиката, звукот и сценските настапи на Red Hot Chili Peppers, пристапувајќи кон секој детал со исклучителна сериозност и професионалност.
Посебно внимание е посветено на инструментите, опремата и сценските додатоци. The Red Hot Experienceкористи инструменти и опрема идентични или максимално усогласени со оние што ги користат членовите на Red Hot Chili Peppers. Ова ги вклучува и најситните детали, како гитарските трзалици и ремени, па сè до ефект-педалите и инструментите од ист модел и боја.
Репертоарот на бендот опфаќа повеќе од 100 песни, почнувајќи од првиот албум The Red Hot Chili Peppers, па сè до најновиот албум Return of the Dream Canteen.
Advertisement
Event venue
Станица 26, Јордан Мијалков 26,Skopje, North Macedonia, Macedonia, The Former Yugoslav Republic Of
Tickets