Advertisement
Државна смотра на фолклорни ансамбли: „Фолклорна разгледница на СОФАМ“Со големо задоволство ве информираме дека Сојузот на фолклорни ансамбли на Македонија – СОФАМ ја организира Државната смотра на фолклорни ансамбли, која ќе се одржи на 17 ноември 2026 година со почеток во 18:00 часот во салата на Националната опера и балет – Скопје.
Настанот има за цел преку кратки, содржајни и сценски осмислени настапи да ја претстави разновидноста на македонското традиционално фолклорно богатство, како и творечката работа на ансамблите – членки на СОФАМ.
Секоја членка ќе има можност преку една програмска содржина во времетраење до 5 минути да создаде своја автентична сценска „фолклорна разгледница“ — претставувајќи место, град, село, област или етнографски регион преку игра, песна, музика, носија, говор, обичај или друга традиционална содржина.
Право на учество имаат фолклорните ансамбли, културно-уметничките друштва и фестивалите на СОФАМ, кои ќе достават целосна и навремена пријава согласно јавниот повик.
Јавниот повик ќе трае 10 дена од денот на објавувањето.
Нека оваа смотра биде вистинска разгледница на македонскиот фолклор — богата, шарена, автентична и достоинствена.
Advertisement
Event venue
Nacionalna opera i balet - National Opera & Ballet, Бул. Гоце Делчев бр.4 ,Skopje, North Macedonia, Macedonia, The Former Yugoslav Republic Of
Tickets