Advertisement
👑 ELVIS PRESLEY EXPERIENCE – by TROUBLEMAKERS во Станица 26 - Скопје
Ова е најава за вистински музички спектакл кој ќе ве врати во времето на најголемите хитови на Кралот на рокенролот - Елвис Присли, во изведба на бенд со повеќе од две децении сценско искуство!
🎟️Билети преку продажната мрежа на: www.kupikarta.com, Розе Веро 2, ЈК травел во Бисер и Јк Травел Дајмонд.
🔗Линк: https://share.google/HqkJp0YdO2O97QfPk
Troublemakers - Elvis Presley Experience е музички состав кој го сочинуваат искусни музичари со долгогодишно искуство и бројни настапи на домашната и меѓународната музичка сцена.
Со професионален пристап, моќна музичка интерпретација и внимателно осмислен и усовршен сценски настап, бендот автентично ги изведува најголемите хитови од сите периоди на богатата кариера на легендарниот Елвис Присли (Elvis Presley) - од раните “rockabilly sounds“, преку незаборавните балади, па сè до енергичните концертни класици кои оставија неизбришлива трага во светската музичка историја.
Благодарение на своето богато музичко и сценско искуство, Troublemakers со подеднаква убедливост и професионалност настапуваат на големи концерти, фестивали, клупски настапи.
Со препознатлива енергија, автентичен звук и впечатлива сценска изведба, бендот ѝ овозможува на публиката незаборавно музичко доживување, оживувајќи ја магијата на Кралот на рокенролот – Елвис Присли.
Troublemakers – Elvis Presley Experience претставува автентична музичка почит кон една од најголемите и највлијателни икони во историјата на светската музика.
Advertisement
Event venue
Станица 26, Јордан Мијалков 26,Skopje, North Macedonia, Macedonia, The Former Yugoslav Republic Of
Tickets