Advertisement
Од 21. до 27. ноември, Skopje Design Week 2026 по тринаесетти пат ги отвора вратите кон светот на дизајнот, овојпат со тема „Crafting Tomorrow“.„Crafting Tomorrow“ е средба меѓу традицијата и иднината, меѓу занаетот и иновацијата, меѓу локалното знаење и глобалните тенденции. Темата ги поврзува традиционалните знаења со современиот дизајн, рачната изработка со новите технологии, а локалното наследство со глобалните идеи.
Во свет што постојано се забрзува, Skopje Design Week 2026 потсетува на вредноста на процесот, материјалот, деталот и човечкиот допир. Истовремено, го истражува потенцијалот на одговорниот дизајн во создавањето подобро, пофункционално и поинспиративно утре.
Преку изложби, предавања, работилници и разговори, тринаесеттото издание на Skopje Design Week ќе ги собере на едно место сите оние кои размислуваат и создаваат за подобро утре.
🗓️Се гледаме од 21. до 27. ноември, во Public Room!
Advertisement
Event venue
50 Divizija br. 22, 1000 Skopje, North Macedonia, Улица 50. дивизија 16, 1109 Скопје, Северна Македонија, Skopje, Macedonia, The Former Yugoslav Republic Of
Tickets