Advertisement
Почитувани колеги, Ве известуваме дека активно и мотивирано се подготвуваме за Четвртите Интернистички Соочувања, кои оваа година ќе се одржат во Скопје на 28 и 29 Ноември, во Хотел Holiday Inn.
Би сакале да Ве мотивираме да се пријавите за презентација на сопствен труд кој сте го објавиле/презентирале на други конгреси и настани/списанија во текот на 2026 год.
Исто така би сакале да Ве информираме дека оваа година, во Ноември се навршуваат 15 години од основањето на Здружението на интернисти и е година кога истекува пет-годишниот мандат на Претседателот Д-р Александар Манолев, така да во склоп на годинешните Интернистички Соочувања се планира да се одржи Годишно Собрание, на кое ќе треба да се избере нов Претседател на Здружението на Интернисти, за наредните 5 години.
Искористете ја можноста за Ваша кадидадтура за Претседател на Здружение на Интернисти! Заинтересираните колеги треба да испратат биографија на меилот на Здружение на интернисти [email protected]. Услов е кандидатот за Претседател да е специјалист и активен член на Здружението на Интернисти, во изминаните минимум 5 години.
Предвидената котизација во првиот рок за членовите специјалисти е 2800 денари, за членовите специјализанти 2500 денари и за надворешни учесници 3900 ден, со реализира уплата заклучно со 05.11.2026. Вториот рок е заклучно со 20.11.2026 година и изнесува 3200 денари за членовите специјалисти, за членовите специјализанти 3600 денари и за надворешни учесници 4900 денари, додека од 21.11.2026 котизацијата ќе изнесува 3700 денари за членовите специјалисти, за членовите специјализанти 4200 денари и за надворешни учесници 5800 денари.
*(цените се однесуваат за сите членови специјалисти со платена членарина за 2026 год. и за членовите специјализанти кои имаа уредно пратено маил на почетокот на 2026 год. за продолжување на членството со своите податоци и година на специјализација).
Котизацијата треба да се уплати на жиро сметката на Здружението на Интернисти.
ЗДРУЖЕНИЕ НА ИНТЕРНИСТИ НА МАКЕДОНИЈА; Даночен број: 4038011505335;
Жиро – Сметка: 300-000-003-352-744; Депонент Банка: Комерцијална Банка А.Д Скопје
ЦЕЛ НА ДОЗНАКА: котизација за Четврти Интернистички соочувања
Ве замолуваме Вашето учество на настанов задолжително да го пријавите на следниов линк: https://forms.gle/ofgEATXUoXN9BRJf8
Со нетрпение Ве очекуваме на настанот.
Со почит,
Извршен Одбор на Здружение на Интернисти.
Advertisement
Event venue
Holiday Inn Skopje, Плоштад Филип Втори 58, 1103 Скопје, Северна Македонија, Skopje, Macedonia, The Former Yugoslav Republic Of
Tickets