Advertisement
✨ ГАЛА ПРЕМИЕРА НА МАКЕДОНСКИОТ АНИМИРАН ФИЛМ ЗА ДЕЦА 🎥 „ЛЕФТИ И РАЈТИ СИ НАЈДОА ДОМ“Лефти и Рајти конечно пристигнуваат на големото платно! 👚👖
Сценариото на филмот е инспирирано од сликовниците „Лефти и Рајти“ на Наташа Дукоска.
Лефти е бела блузичка со сина крагничка и три копченца, а Рајти се маслинести панталони. Тие се неразделни и решени по секоја цена да останат заедно.
Нивната авантура започнува во продавница за облека, каде што Мими 👧🏻 и нејзината мајка 👩🏻 доаѓаат да изберат облека за роденден.
Но Лефти и Рајти имаат друг план.
Дали ќе успеат да останат заедно?
Дали ќе го најдат својот дом... пардон, својот плакар? 😄
Дојдете да ја погледнете нивната приказна на големото платно. 📽️
🎭 Гласовите во филмот ги позајмуваат:
👚 Јелена Јованова – Лефти, мајката
👖 Гораст Цветковски – Рајти, ранецот Тигар
🧶 Тања Кочовска – наратор
👧🏻 Ева Скендеровска – Мими, Дреска, фустанот Роза
🧥 Изабела Јакимова – Јакната Јасна, продавачката
Останати гласови:
👗 Јана Велева
🩳 Александар Георгиевски
🎒 Миа Велева
🎬 Режија: Илија Тодоровски
✍️ Сценарио: Наташа Дукоска
✍️ Ко-сценарист: Билјана Црвенковска
🎨 Арт-дирекција: Хари Дудески
🎞️ Анимација: Toon Motion Studios (Македонија)
🎶 Тематска музика: Дина Јашари
Продукција: зАнимација продукција
Продуцент: Снежана Нена Гиевска
Креативен продуцент: Наташа Дукоска
Дизајн на постер: Владимир Домазетов
Копродукција: Minya Film i Animacija, Хрватска
Копродуцент: Миљана Драгичевиќ
Филмот е поддржан од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија и Хрватскиот аудиовизуелен центар – HAVC.
🟢 Филмот е од I категорија и е наменет за целата публика.
А по филмот, уште нешто посебно. ✨
Децата ќе имаат можност да ги запознаат Лефти и Рајти во живо, а ќе следува и дополнително изненадување.
⏳ Времетраење на програмата: 45 минути
📸 На шарениот тепих пред МНТ е предвидено фотографирање на гостите.
📆 28 ноември 2026, сабота
🕛 12:00 часот
📍 Македонски народен театар – МНТ
🎟️ Билет: 500 денари
Advertisement
Event venue
Македонски народен театар / Makedonski naroden teatar, Skopje, Macedonia, The Former Yugoslav Republic Of
Tickets