Advertisement
🔥 СВЕТСКАТА ЏЕЗ-ЅВЕЗДА 𝐌𝐈𝐂𝐇𝐄𝐋 𝐂𝐀𝐌𝐈𝐋𝐎 ВО СКОПЈЕ! 🔥На 18 ноември, Националниот џез оркестар ја носи карипската џез-енергија во Скопје, заедно со еден од најистакнатите пијанисти и композитори на светската џез-сцена - 𝐌𝐈𝐂𝐇𝐄𝐋 𝐂𝐀𝐌𝐈𝐋𝐎!
Добитник на Grammy, три Latin Grammy и Emmy признанија, Camilo повеќе од четири децении ја освојува светската публика со својата извонредна пијанистичка виртуозност, препознатливиот музички израз и експлозивната латино-џез енергија.
На сцената во Скопје ќе му се придружат неговите долгогодишни соработници 𝐑𝐢𝐜𝐤𝐲 𝐑𝐨𝐝𝐫𝐢𝐠𝐮𝐞𝐳 на контрабас и 𝐌𝐚𝐫𝐤 𝐖𝐚𝐥𝐤𝐞𝐫 на тапани!
Латино-џез енергија и виртуозност што не познава граници!
Ве покануваме на вечер каква што не сме имале одамна.
• 18 ноември | 20:00 часот
• Македонска филхармонија
Диригент: Џијан Емин
★ НАЦИОНАЛЕН ЏЕЗ ОРКЕСТАР & 𝐌𝐈𝐂𝐇𝐄𝐋 𝐂𝐀𝐌𝐈𝐋𝐎 𝐓𝐑𝐈𝐎
Билетите за концертот може да ги набавите онлајн на https://mktickets.mk/event/njo-michel-camilo-trio/ и на продажните места на MKTickets.
Билети со 50% попуст за студенти и пензионери ќе бидат достапни на денот на концертот, еден час пред почетокот, на билетарницата на Националната опера и балет, со приложување соодветен документ.
Билетите може однапред да се резервираат на: [email protected]
https://jazzorchestra.mk/
Advertisement
Event venue
Filharmonija, Т, Улица Крсте Мисирков, 1125 Скопје, Северна Македонија, Skopje, Macedonia, The Former Yugoslav Republic Of
Tickets