Advertisement
🍷 ВИНСКИ ФЕСТИВАЛ „МАКЕДОНСКО СЕЛО“16, 17 и 18 ОКТОМВРИ
„Вкуси ја Македонија во чаша“
Оваа есен, во уникатниот амбиент на комплексот „Македонско село", во подножјето на Водно, ве очекуваат три дена исполнети со вино, музика, традиција и македонски вкусови.
На 16, 17 и 18 октомври, „Македонско село“ ќе биде место на средба на љубителите на доброто вино, домашните производи, традиционалната гастрономија и македонската култура.
Посетителите ќе имаат можност да дегустираат вина од повеќе македонски винарии, да се запознаат со нивните приказни и производи, да уживаат во традиционални специјалитети и домашни производи, како и во богата музичка и забавна програма.
Фестивалот е замислен како вистинско есенско доживување за сите генерации ,спој на винската култура, македонската музика, автентичните вкусови, семејната забава и неповторливиот амбиент на „Македонско село“.
🍇 Три дена за дружење.
🍷 Три дена за откривање нови вкусови.
🎶 Три дена музика и добра атмосфера.
🇲🇰 Три дена посветени на Македонија и нејзината традиција.
📅 16, 17 и 18 ОКТОМВРИ
📍 Македонско село – Скопје
Ве очекуваме заедно да ја вкусиме Македонија во чаша, во чинија, во музиката и во традицијата.
Advertisement
Event venue
Makedonsko Selo, Македонски Ан, Улица Водно, Скопје, Северна Македонија, Skopje, Macedonia, The Former Yugoslav Republic Of
Tickets