Advertisement
Почитувани, Оваа година се навршуваат 10 години од ненадејното заминување на нашиот непребол Филип Чакаров.
Десет години поминаа, но времето не ги брише сеќавањата. Филип останува присутен во приказните, пријателствата, спомените, во чекорите по планинските патеки..
По тој повод, ПСК Драчево "Филип Чакаров" ве поканува на Меморијален марш во чест на Филип Чакаров, на кој заедно, преку планинарење и дружење, ќе се потсетиме на него и ќе му оддадеме почит.
📅 17–18 октомври 2026
Сабота, 17 Октомври,
🥾 Заедничко поаѓање: 08:30 часот од Преслап, до каде се пристигнува во сопствена организација.
(Патот е асфалтиран и лесно достапен со автомобил).
📍 Линк до локацијата
🥾 Патека: 7км во правец.
⛰️ Висинска елевација: околу 600м.
🏡 Пристигнување во домот: околу 12:
По пристигнувањето ќе оддадеме почит на Филип пред спомен-обележјето, по што следуваат ручек, слободни активности, дружење и ноќевање.
Недела, 18 октомври
☕ Појадок: 09:00 часот.
🥾 Поаѓање кон Преслап во 11:00 часот по истата патека.
(Можност за покасно заминување во сопствена организација).
Потребна опрема: планинарски обувки, облека соодветна на временските услови и резервна облека во ранец, вода минимум 1 литар, храна, благо..
Котизација 500 денари.
Во цената е вклучено: ручек, ноќевање и појадок.
На сите учесници, организаторот ќе им додели гратис маица со лого од настанот.
Некои луѓе заминуваат, но оставаат трага што времето не може да ја избрише.
Овој марш е нашиот начин уште еднаш да чекориме заедно со Филип. 🤍
Пријавување и инфо:
Мите 075200636
Соња 078383508
Горан 075590913
Advertisement
Event venue
Planinarski dom Karadzica, Studenicani, Studeničani, North Macedonia, Skopje, Macedonia, The Former Yugoslav Republic Of
Tickets