Advertisement
Со големо задоволство ви ја најавуваме OCR ORMAN 2026.Датум: 18 октомври 2026 година
Старт на трката: 11:00 часот
Должина: 6 км
Препреки: 12
Можете да се пријавите во 2 категории и тоа: жени и мажи над 18 години
Тимови
Тимското натпреварување претставува дополнителен пласман за мажи и жени кои во ист тим ќе бидат Минимум 4 тркачи од кои минимум 1 треба да биде натпреварувач во женска конкуренција, но може да се пријават неограничен број од ист тим со тоа што во полето “тим” при пријавувањето ќе го напишете името на вашиот тим, а системот автоматски ќе ве поврзе со останатите кои го имаат впишано истиот тим. Реултатите од најдобрите 4-ца натпреварувачи од тимот ќе се земат во предвид за пласман. Екипниот пласман не го исклучува индивидуалниот пласман, односно вие се натпреварувате и во индивидуална и во екипна конкуренција доколку формирате тим.
Котизација
Основна цена: 1590 денари
Овогодинешната трка е лимитирана на 200 учесници!
Во котизацијата е вклучено:
• Доживотни мемории
• Освежување
• Финишер медаља
• Производи од спонзорите
• Професионални фотографии
Додатоци кои може да се нарачаат: маица и дуксер.
Награден фонд
Жени и мажи: Тимови:
I место 7000 мкд I место 12000 мкд
II место 5000 мкд II место 8000 мкд
III место 3000 мкд III место 5000 мкд
Advertisement
Event venue
Moto-Cross Sport Centar Orman, Skopje, Macedonia, The Former Yugoslav Republic Of
Tickets