Advertisement
Во организација на Сојуз на Спортови на Скопје, а под покровителство на Град Скопје на 4 април 2027 ќе се одржи 15-то јубилејно издание на АВИЦЕНА ЖЕНСКА ТРКА.Право на учество имаат сите припаднички на женскиот пол без ограничување на возраст.
ПРОГРАМА
Настанот е предвиден да се одржи по следниот редослед:
• 09.40 – Аеробик загревање
• 10.00 – Старт на трка на 3км
• 10.45 – Прогласување на најдобрите
• 11.00 – Доделување награди од лотаријата
По завршување на трката ќе има забава.
ПРИЈАВУВАЊЕ
Пријавувањето е задолжително. Повеќе информации на www.zenskatrka.mk
На денот на трката не е можно пријавување.
Подигнување на стартните броеви ќе биде на 2 и 3 април, a времето и локацијата ќе биде дополнително објавени.
НАПОМЕНА: Во случај на презакажување на трката заради било какви причини уплатените средства не се рефундираат, пријавата ќе важи за следната трка.
СТАРТЕН ПАКЕТ
• стартен број со чип
• вода
• учество во лотарија
• подароци од спонзорите
МАИЦА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОДУКТ
При процесот на регистрација како дополнителен продукт може да купите и маица со логото на трката.
НАГРАДИ
По завршувањето на трката ќе бидат доделени наградите од лотаријата и прогласување на најдобрите.
Секоја учесничка ќе добие стартен број со чип за електронско мерење на време. Трката има натпреварувачки карактер и трите најдобро пласирани во генерален пласман ќе добијат награди, а ќе има награди и за најдобрите три (според Chip Time) по возрасни категории.
КАТЕГОРИИ
• до 12 години
• до 14 години
• до 18 години
• до 30 години
• до 40 години
• до 50 години
• до 60 години
• дo 70 години
• дo 80 години
• 81+ години
По прогласувањето на најдобрите, следува доделување на наградите од лотаријата. Во лотаријата учествуваат сите пријавени учеснички во трката со стартен број. Подароците ќе бидат обезбедени од партнерите на трката.
ПАТЕКА
Старт и цел на трката ќе бидат на бул. Илинден, во близина на Фонтана Лотос, а се трча еден круг од 3 км.
Advertisement
Event venue
Фонтана Лотосов цвет, Градски парк,Skopje, North Macedonia, Macedonia, The Former Yugoslav Republic Of
Tickets