Advertisement
Промоција на сликовницата „Каде оди реката?“ од Хана Корнети и илустрации на Марија Трајаноска, издание на „Чудна шума“ во соработка со Еко-свест.Промоцијата ќе се одржи на 5 април, недела, во 12 часот, во КСП Центар - Јадро.
Кога Лука копнее да го види светот, скриен зад далечниот хоризонт низ кој тече реката, снешкото Магелан решава храбро да скокне во изворот и да отплови наместо него.
Пловејќи низводно, Магелан ги открива волшебните убавини на природата и нејзините фантастични жители. Но она што почнува како весела авантура, набрзо се претвора во откритие на длабоките лузни што човекот ги оставил со својата негрижа.
„Каде оди реката?“ е лирска екоприказна за пријателството, одговорноста и надежта. Таа нè учи дека секој наш свесен избор е чекор на патот кон зачувување на хармонијата меѓу човекот и природата.
Сликовницата е издадена во соработка со Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-
свест“, Скопје. Содржините во изданието се инспирирани од нивната работа во областа на заштитата на реките и се темелат на резултатите од истражувањата за притисоците врз реките и речните екосистеми.
Поддржано од PONT (Prespa Ohrid Nature Trust)
Advertisement
Event Venue
КСП Центар -Јадро / SCS Centar-Jadro, Улица Алберт Ајнштајн 1, 1111 Скопје, Северна Македонија, Skopje, Macedonia, The Former Yugoslav Republic Of
Tickets
Concerts, fests, parties, meetups - all the happenings, one place.









