Advertisement
<< Значи, постои суштество кое може да ужива без да роди? >><< Значи, постои задоволство без функција? >>
***
📖 Промоција на книга:
"Избришаното уживање: Клиторисот и мислата" на авторката Катрин Малабу
📅 07/04/2026
⌛ 19:00
📍FRANZ (плочник на Градски ѕид, поранешен Клуб на новинари)
Драги пријатели, чест ни е да ви го најавиме третото издание во рамките на книжевната едиција за феминистичка теорија и литература на Тиииит! Инк., Vagina Dentata. Книгата која директно влијаеше и за создавањето на оваа едиција, за што сметавме дека е од голема важност да се преведе на македонски јазик, е со наслов "Избришаното уживање: Клиторисот и мислата" на француската филозофина и феминистичка теоретичарка Катрин Малабу.
Потсетувајќи нѐ за долгогодишниот заборав на овој орган како отсутен од книгите за анатомија, од сликите, од скулптурите, Малабу вели дека клиторисот - чија функција е единствено во служба на задоволувањето и уживањето, постана органот на избришаното уживање.
Таа алармира дека иако денес ситуацијата е малку поинаква - клиторалното уживање и неговата автономија се прифатени, за клиторисот во меѓувреме се посветени бројни книги, конференции, уметнички дела - сепак раните остануваат. Затоа што половите осакатувања се сѐ уште актуелни. Затоа што уживањето и понатаму е ускратено за милиони жени. Клиторисот продолжува да го означува таинственото место на женскоста.
Малабу апелира дека е дојдено до крајната итност за потсетување на жестината на тоа место, и дека е време е да се допушти да зборува органот на уживањето, кој сѐ уште не станал орган на мислата.
Катрин Малабу е една од најзначајните современи филозофини. Во своите истражувања и во пишувањето се занимава со широк спектар теми и мислители, од Хегел и Фројд до Хајдегер и Дерида, како и со теми на пресекот меѓу филозофијата, невронауките и психоанализата. Централно место во нејзината работа зазема поимот пластичност, кој го презела од Хегел, а кој се покажал плоден во рамките на современите економски, политички и општествени дискурси. Во моментов го истражува заедничкото упориште на антителеолошките тенденции во филозофијата, политиката и биологијата.
На 7 април книгата ќе биде претставена во форма на разговор помеѓу уметницата Христина Иваноска - авторка на цртежот „Уживање“ (2025) за корицата и внатрешните илустрации на оваа книга, потоа квир теоретичарот Славчо Димитров и уредничката на книгата Мања Величковска, а разговорот ќе го води Јана Коцевска, уредничка на едицијата Vagina Dentata.
Преводот од француски на македонски јазик е на Дарко Леитнер-Стојанов. Лектурата е на Виолета Танчева-Златева, а Марија Смилевска работеше дизајн и техничко уредување на ова издание.
Како дел од едицијата „Vagina Dentata“, изданието на Малабу се надоврзува на пошироката заложба на Тиииит! Инк. да создаде простор за книжевни и теоретски текстови кои го отвораат прашањето за телото, сексуалноста и женското искуство на радикално различен начин – слободен од срам и со јасна политичка и културна свест.
Книгата и настанот се поддржани од Equality Fund.
Advertisement
Event Venue
Klub na Novinari, бул. Партизански одреди бр. 13 блок 4,Skopje, North Macedonia, Macedonia, The Former Yugoslav Republic Of
Tickets
Concerts, fests, parties, meetups - all the happenings, one place.





