Advertisement
АЛЕКСАНДАР ПОПОВСКИ СО МАРИБОРСКИОТ „АМАДЕУС“ НА СНГ ГОСТУВА ВО МНТ, РЕТКА ПРИЛИКА ЗА СКОПЈАНИНа сцената на Македонскиот народен театар на 1 април, во рамките на роденденското одбележување 81 година МНТ, ќе гостува Словенечко народно гледалиште од Марибор со претставата „Амадеус“ од наградуваниот Питер Шафер и во режија на меѓународно признаениот македонски режисер Александар Поповски.
Претставата е псевдобиографска комична драма за еден од најславните композитори на сите времиња, напишана од англискиот драматург, сценарист и романописец, добитник на многубројни престижни награди. Најпознатата драма на Шафер, „Амадеус“, првпат била изведена во 1979 година, а светска слава стекнала благодарение на истоимениот филм на Милош Форман (1984). Во своето најпознато дело, Шафер ги сумира историските околности и создава прецизни психолошки профили на протагонистите. Драмата е напишана во стилот на ретроспективна драматургија, што овозможува широки епски режисерски решенија и бројни можности за врвни актерски остварувања.
„Амадеус“ се темели на митот за животот и меѓусебното ривалство на композиторите Волфганг Амадеус Моцарт и Антонио Салиери. Шафер црпи инспирација од кратката драма на Александар Пушкин „Моцарт и Салиери“ од 1830 година.
Во претставата играат: Алеш Валич, Жан Копривник, Јулија Клавжар, Давор Херга, Матија Стипанич, Матевж Бибер, Катарина Барбара Крњак, Софиа Тики, Тина Ројко, Ева Млакар Поштрак и Борис Каваца – глас.
Нашиот Александар Поповски, покрај тоа што ја потпишува режијата на гостинската претстава „Амадеус“ е и уметнички директор на мариборската Драма.
За Поповски, фасцинантна е врската меѓу уметноста и семоќниот создавач на световите. „Тоа на некој начин го потврдува феноменот Моцарт, кој својата музика ја транскрибирал – без преписи, без корекции. Она што го слушнал во својата глава го преливал на хартија. Барем така го замислил Шафер генијалниот Моцарт, иако тоа не е чиста вистина, лично за мене, божественото инспирирање, кое го добива уметникот е многу значајно. И верувам во него. Во мојот живот музиката отсекогаш имала посебно место. Меѓу сите уметности, таа е несомнено највозвишена, бидејќи само преку еден сигнал, нота или тон, отвора други светови. Во музиката нотата е или точна или погрешна. Нема средина. Интересен ми е моментот во драмата кога Салиери сфаќа дека преку музиката на Моцарт го слуша Божјиот глас. Со страв сфаќа дека Бог има друг избраник и му се спротивставува.“, вели македонскиот режисер Поповски.
Во креативниот тим се потпишуваат: Вања Магиќ – сценограф, Марита Ќопо и Миа Поповска – костимографи и Росана Хрибар – кореограф.
Билетите се пуштени во продажба онлајн, како и на билетарницата во МНТ.
Advertisement
Event Venue
11 Март, 1000 Skopje, North Macedonia, Улица 8ми Март 11, 1111 Скопје, Северна Македонија, Skopje, Macedonia, The Former Yugoslav Republic Of
Tickets
Concerts, fests, parties, meetups - all the happenings, one place.







