Advertisement
По мотивите на Франц Ксавер Крец
Режисер: Татјана Мандиќ Ригонат
Адаптацијата и изборот на музиката се на: Татјана Мандиќ Ригонат
Преведувач на текстот: Александар Русјаков
Сценограф: Весна Поповиќ
Костимограф: Роза Трајческа-Ристовска
Композитор: Ирена Поповиќ-Драговиќ
Дизајнер на видео: Јелена Тврдишиќ
Извршни продуценти: Симона Угриновска и Виктор Рубен
Во исклучително позитивна и креативна атмосфера во Македонскиот народен театар започнаа пробите за претставата „Страв и надеж“ од живиот театарски класик Франц Ксавер Крец, во режија на култната белграѓанка Татјана Мандиќ Ригонат. Ригонат е режисерка, авторка на драматизации и поетеса, чии претстави се наградувани на домашни и меѓународни фестивали. Нејзиниот режисерски ракопис се одликува со силна психолошка прецизност, сценска мисла и храброст да отвора суштински прашања. „Страв и надеж“ е врвно драмско остварување на Франц Ксавер Крец – најпознатиот и најизведуваниот жив германски драмски автор, чија комплексност се мери со делата на Бертолт Брехт. Како драмски писател, поет, прозаист, режисер и актер, Крец силно ги обележа седумдесеттите и осумдесеттите години во Германија, кога неговите драми се изведуваа во 40–50 театри истовремено низ Европа и светот. За неговото творештво се напишани бројни студии и книги, а денес е препознаен како жив театарски класик и добитник на значајни книжевни и театарски признанија. Во ова дело, Крец отвора прашања за стравот и надежта на современиот човек – за достоинството, егзистенцијата, одговорноста и кревкоста на човечките односи во свет што постојано нè става пред избор: да опстанеме или да исчезнеме.
Секое дејствие во драмата е варијација на темата за суровоста на модерното општество и судбината на луѓето кои егзистенцијално се притиснати до ѕид или стојат над бездната на егзистенцијалната изгубеност и несигурност. Пред дилемата да останат или да исчезнат од тој свет. Како да се живее – преживее? Што е живот, а што животарење? Главно преку машко-женските односи се изразува фрустрацијата поради невработеноста, стравот од отказ, чувството на пониска вредност, разорната поврзаност меѓу интимноста и беспоштедното капиталистичко кршење на човечкото достоинство.
Духовито, иронично, мачно, поетично, стилски, ситуациски, дијалошки, Крец ни овозможува да ги изразиме денешните стравови и надежи. Блиску, болно, форензички прецизно го слика психолошкиот, социолошкиот, културолошкиот портрет од крајот на дваесеттиот век, во кој настана неолибералниот модел, кој до хипертрофија се разви во дваесет и првиот век. Неговата драмска партитура е отворена за проживеана актерско-режисерска интерпретација.
Режијата поставува прашања: Кои се стравовите, а кои надежите на денешните луѓе, кои не му припаѓаат на светот на привилегираните, како функционира брачната динамика кога мажот останува без работа, а жената обезбедува егзистенција за двајцата, или обратно, кој е понижен, а кој навреден, каква е позицијата на писателот, која е неговата одговорност кон другите и кон уметноста на која ѝ припаѓа, како насилството и бруталноста на системот продираат во човекот, зошто човекот се срами кога ќе остане без работа, не по своја вина, како се губи самопочитта и дали и како може да се живее достоинствено во беда... Проблемот на невработеноста, заедно со проблемот на миграциите и војните, се главните проблеми на нашето време.
Деструктивната сила што го води човештвото во пропаст, консумеризмот, динамиката на капиталистичкиот неолиберален модел – сето тоа е вградено во Крецовата драма и неверојатно е актуелно. Но Крец не е писател на памфлети и пароли и неговиот ангажман не се заснова на тоа. Тој е писател на емоции, психолошки состојби, надреалното во секојдневието, писател на внатрешни кинења и парадокси. Тој го сака човекот, а не паролата.
АКТЕРСКА ЕКИПА
Александар Микиќ
Тања Кочовска
Тони Михајловски
Никола Ристановски
Сашка Димитровска
Сашко Коцев
Дарја Ризова
Наталија Теодосиевска
Дамјан Цветановски
Нела Павловска
Корепетитор и пијано: Зоран Станишиќ
Музички координатор и виолина: Стефан Котевски
КРЕАТИВНА И ТЕХНИЧКА ЕКИПА
Режисер, адаптацијата и изборот на музиката се на: Татјана Мандиќ Ригонат
Адаптацијата и изборот на музиката се на: Татјана Мандиќ Ригонат
Преведувач на текстот: Александар Русјаков
Сценограф: Весна Поповиќ
Костимограф: Роза Трајческа-Ристовска
Композитор: Ирена Поповиќ-Драговиќ
Дизајнер на видео: Јелена Тврдишиќ
Извршни продуценти: Симона Угриновска и Виктор Рубен
Инспициент: Вукица Александрова
Суфлер: Мирослав Атанасовски
Технички раководител: Гунтер Кубе
Технички координатори: Даниела Атанасова и Југослав Ацески
Дизајнери на светло: Игор Митревски
Светло - мајстор: Игор Ѓеоргиев
Техничари за светло: Горјан Teмелкоски, Дарко Младеновски, Кристијан Блажевски и Владо Ќулавковски
Тон - мајстор: Александар Арсиќ
Видеооператор: Александар Ацески
Манипуланти на горен и долен погон: Васко Бојаџиски, Горан Димов,Трајче Тасевски и Ивица Урдаревиќ
Гардеробери: Валентина Чонкова, Скендер Бериша и Елизабета Стамчевска
Реквизитери: Соња Крстевска и Боби Ѓелиќ
Шминкери и фризери: Бранка Пљачковска и Лора Спасовска
Декоратери: Васил Мешковски, Дејан Стамчевски, Неџат Асан, Бурхан Муареми, Мартин Китановски, Синан Ракиповски, Ибрахим Рамановски, Нерхан Османовски, Хусеин Халили, Зекирија Алим и Дурмиш Сефер
Работилница: Татјана Христоска (раководител на работилница), Ангел Петровски (вајар), Дарко Дуковски (вајар), Зоран Миновски (бравар)
Фотограф: Стефан Рајхл
Дизајнер на плакат и програмски каталог: Димитар Димитров
Уредник на програмски каталог: Загорка Поп-Антоска Андовска
Лектор на програмскиот каталог: Јана Петревска
Раководител на општи, административни и правни работи: Васил Ризов
Соработник за општи, административни и правни работи: Неда Ризова
Раководител на кабинетот на директорот: Деспина Тодоровска
Раководител на финансии: Кристина Ацковска
Раководител на маркетинг: Сандра Стојмирова
ПР консултант: Ивана Тасев
Стручен соработник за меѓународна соработка: Марија Димитриевска
Самостоен референт за административни работи: Лејла Станковиќ
Помлад соработник за меѓународна соработка: Абаз Абази
Архивар: Александра Шулевска - Гигевски
Набавувач: Тоде Милевски
Возач: Гоце Ангелковски
Билетите се пуштени во продажба.
Advertisement
Event Venue
11 Март, 1000 Skopje, North Macedonia, Улица 8ми Март 11, 1111 Скопје, Северна Македонија, Skopje, Macedonia, The Former Yugoslav Republic Of
Tickets
Concerts, fests, parties, meetups - all the happenings, one place.




