Advertisement
На 10 мај 2026 ќе се одржи уличната трка HALKECO СКОПЈЕ ТРЧА 10КМ.Организатор на трката е Сојузот на спортови на Скопје (кој е организатор и на Виз Ер Скопски Маратон и Авицена Женска Трка), во соработка со А.К. Скопски Маратон, А.К.Работнички и со помош на Министерството за внатрешни работи на Република С.Македонија.
Насловен спонзор на HALKECO СКОПЈЕ ТРЧА 10КМ е HalkBanka, а покровители се Министерство за спорт и Град Скопје, но огромна помош и поддршка имаме и од нашите верни спонзори и партнери.
ДАТУМ
10 мај 2026 (недела)
ДОЛЖИНА НА ТРКАТА
10км (еден круг)
СЕРТИФИКАТ НА ПАТЕКАТА
Патеката на HALKECO СКОПЈЕ ТРЧА 10км е измерена и сертифицирана од страна на овластено лице од АИМС https://media.aws.iaaf.org/competitioninfo/10c765df-470e-4e6e-b02d-75cf79002e5b.pdf
СТАРТ
Стартот е во 09.00 часот.
СТАРТНА ЗОНА
Учесниците на стартот ќе бидат распоредени во 5 стартни боксови според таргет времето кое го одбрале при процесот на пријавување.
Таргет времињата се следни:
зона 1 - таргет време под 45:00
зона 2 - таргет време од 45:01 до 50:00
зона 3 - таргет време од 50:01 до 55:00
зона 4 - таргет време од 55:01 до 1:00:00
зона 5 - таргет време над 1:00:01
На стартниот број ќе биде обележано вашето таргет време и нема да може да влезете во стартен бокс со друго таргет време.
Што е таргет време? Ако планирате дека трката од 10км може да ја истрчате за време од 52 минути, тогаш тоа е вашето таргет време и треба да одберете дека ќе стартувате во таргет време од 50:01 до 55:00.
РЕЗУЛТАТИ
Резултатите ќе бидат според Gun Time, а во листата на резултати ќе биде објавено и вашето чип време.
ТИМСКИ НАТПРЕВАР
Ако трчате за некоја компанија или поголема група на пријатели, може да ја пријавите вашата екипа за рангирање на екипен пласман на трката на 10км.
ПАТЕКА
Стартот на трката ќе биде на бул. Илинден (во близина на фонтана Лотус). На истото место ќе биде и целта на трката. Ќе се трча по бул. Илинденска и дел од бул. Партизански Одреди.
ВРЕМЕТРАЕЊЕ
Сите тркачи треба да ја завршат трката за 90 минути, после овој временски период ќе бидат замолени да ја напуштат патеката на трчање.
ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОДУКТ - DRY FIT МАИЦА
Како дополнителен продукт при процесот на регистрација може да купите dry fit маица со логото на трката.
НАГРАДИ ЗА ТРКАТА НА 10КМ
Во трката на 10 км првите 5 места во машка и женска конкуренција ќе бидат парично наградени.
Со дипломи и пехари ќе бидат наградени првите 3 места во следниве возрасни категории: од 35 до 44 год, од 45 до 54 год., и 55 + год.
ФОТОГРАФИИ ОД ТРКАТА
За време на трката ќе бидете фотографирани на повеќе локации на патеката. На вашиот стартен број ќе бидат поставени QR кодови за препознавање и истите не треба да се покриваат доколку сакате да имате фотографии од трката.
После трката ќе бидете информирани како да дојдете до вашите фотографии.
Advertisement
Event Venue & Nearby Stays
Фонтана Лотосов цвет, Градски парк,Skopje, North Macedonia, Macedonia, The Former Yugoslav Republic Of
Concerts, fests, parties, meetups - all the happenings, one place.
