Advertisement
Во недела 1,03 ќе се движиме од паркингот под манастирот Св Аранѓел над Кучевиште и ќе се движиме по патеката кон Врбје, Полица, Стрмник до Крбилица 1200мнв и ќе ги видиме Крбилишки водопади каде првиот е каскаден а другите 2 се со пад од 3м најмалку, ќе се вратиме по широкиот земјен пат кој оди кон Св, Аранѓел преку манастирска патека 2. Турата ќе биде средно тешка тура по тежина, патеката ќе биде долга 15км во целост со висинска разлика од 600метри.
Од опрема ви е потребно разгазени гојзерици, резерва чорапи и обувки посебно ако доаѓате со сопствен превоз, облека според временските услови, кабаница за заштита од дожд или снег, стапчиња за помош при движење по патеката, вода и храна според своите потреби.
Стартот на турата ќе биде во 8,00 од паркингот под манастирот Св Аранѓел над Кучевиште, до таму може да дојдете со сопствен превоз или со автобусот со број 61 кој тргнува од транспортен центар во 6,45, автобус за назад има 18,00.
По патеката ќе се движиме во група со темпо на најспориот учесник на турата, ќе правиме повеќе кратки паузи и една поголема пауза на средина на патеката, при движење по патеката да не заборавиме дека по планинските патеки нема црвен тепих туку заеднички треба да ги поминеме сите препреки по патеката.
Обавезно пријавување за учество на турата кај Дејан 072 252 915, учество за сите надворешни учесници ќе биде 100денари.
Advertisement
Event Venue
Оу. Св.,, Кирил и Методиј '', с. Кучевиште,Cucer-Sandevo, Skopje, Macedonia, The Former Yugoslav Republic Of
Tickets
Concerts, fests, parties, meetups - all the happenings, one place.










