Advertisement
„Археологија на сегашноста“ е истражувачки уметнички и еколошки проект што во својот центар го поставува прашањето: Што ќе откријат идните генерации кога ќе копаат низ остатоците од нашето време?Во периодот јули–октомври 2025, беа посетени 15 локации низ Македонија кои претставуваат значајно културно и природно наследство. Од овие места беа собрани парчиња отпад, често игнорирани или невидливи за посетителите, кои станаа основен материјал за изработка на скулптуроидни асемблажи. Секое дело ја раскажува приказната за локацијата од која потекнува, откривајќи ги нејзините еколошки, социјални и историски слоеви.
Секој „артефакт на сегашноста“ бара од вас да размислите: Што кажува ова за нас? Какво наследство оставаме зад себе? Преку делата, имате можност да ја дознаете приказната за местото на кое се собрани материјалите (од антички населби до национални паркови и речни крајбрежјa), како и нивното влијание врз животната средина. Оваа двослојна наративна структура ве поканува во подлабоко искуство: да го разгледате уникатното патување на секој артефакт, но и да размислите за улогата што секој од нас ја игра во обликувањето на културната меморија и наследство.
Изложбата не завршува со гледање, туку со учество: ќе биде затворена со работилница за уметност од отпад, каде сите заинтересирани ќе имаат можност и самите да создаваат артефакти на сегашноста, продолжувајќи ја приказната.
На отворањето на изложбата ќе присуствува специјален гостин – Катерина Илијовска од Yes for Less – првата македонска платформа за одржливо живеење, а ќе бидат изложени и фотографии од документирање на процесот на создавање од објективот на Нина Величковска.
Пријава за завршната работилница: https://forms.gle/8M88Dx9TwuEinuwdA
www.arheologijanasegasnosta.mk
За авторката:
Ана Тодоровска (1993) родена во Скопје, живее на границата меѓу вербалниот и невербалниот израз. Во 2017 година дипломира на Институтот за психологија при Филозофскиот Факултет во Скопје, а во 2019 ја завршува Академијата за визуелни уметности при Школата за дизајн и уметност „Џолев и уметностите“ и Сивус Едукативен и развоен центар. Во 2022 година завршува едукација за Експресивна арт терапија во Белград, моментално ја изучува во Египет. Последните 6 години работи како графички дизајнер и психолог, комбинирајќи ги психологијата и уметноста во функција на личниот развој и самоспознание. Покрај „Археологија на сегашноста“, иницијатор е на проектите „Мрак“ – редактирана поезија, колаж и асемблаж, „Второ азно“ – платформа за размена и антиконсумеризам, авторка на стихозбирката „Антисвет“, основач на здружението „Вивид“. Учествува на повеќе групни изложби во земјата и во странство, истражувајќи примена на рециклирани и реупотребени материјали.
Проектот беше поддржан од Министерството за култура и туризам во 2025 година и делумно самостојно финансиран.
Advertisement
Event Venue
КСП Центар -Јадро / SCS Centar-Jadro, Улица Алберт Ајнштајн 1, 1111 Скопје, Северна Македонија, Skopje, Macedonia, The Former Yugoslav Republic Of
Tickets
Concerts, fests, parties, meetups - all the happenings, one place.




