Advertisement
Геноцидот не е историска лекција туку крвава реалност во Газа што нѐ засега сите нас. Изминаа 2 години од почеток на истребувањето и агресијата на ционистичкиот режим, поддржан и во соучество на западниот империјалистички блок на САД, НАТО и ЕУ со намера да проектираат моќ на Блискиот Исток, со исклучок на неколку ЕУ членки кои неодамна ја прекинаа трговијата со оружје со Израел или пак само симболично ја признаа Палестина. Ова само докажува колку профитирањето од војна е поважно од човечките животи во ерата на тоталитарниот капитализам. Од неодамна сведоци сме на придвижувања во насока на намалување на инволвираноста на државите и нивните релации со ционистичкиот ентитет кои се должат исклучиво на долгогодишниот херојски отпор на палестинскиот народ во Газа и Западниот Брег, кој израелската војска не успеа да го порази, како и поради огромното движење ширум светот за поддршка на Палестина. Затоа народот во Македонија мора да зборува, да се организира и да дејствува. По примерот на штрајкот на храбрите италијански работници и блокадите на движењето на солидарност ширум светот, ние одбиваме да бидеме неми сведоци на злосторствата на Израел врз палестинскиот народ.
Оваа сабота не сме подготвени само да маршираме, туку и да протестираме и блокираме за безбеден премин на нашите другари, активистите што пловат на интернационалната флотила на солидарност, Глобална Хуманитарна Флотила Сумуд. Како што работниците ги затворија пристаништата за оружје, така ние ќе протестираме против загрозување на оваа мисија чија цел е кршење на нелегалната опсада на Газа и доставување на хуманитарната помош.
Протестот ќе започне во 12 часот пред споменикот „Симфонија на мирот“, посветен на холокаустот од Втората светска војна кој се наоѓа спроти гимназијата „Јосип Броз Тито“, со цел да нагласиме дека холокаустот не смее да се повторува без разлика на кој јазик плачат децата чии родители се убиени. Протестот ќе заврши пред Владата, бидејќи оваа, како и претходните вазалски власти, се оглушува на напорите на хуманото човештво да се заузда израелската воена машина и да се стави крај на геноцидот.
Advertisement
Event Venue & Nearby Stays
Скулптура „Симфонија на мирот“ на плоштадот Слобода до Влада, Borebardha, Улица Димитрие Чуповски, 1106 Скопје, Северна Македонија, Skopje, Macedonia, The Former Yugoslav Republic Of