Advertisement
Преку солидарност и заедничарење стигнавме до деветтата година од нашето постоење, години исполнети со потешкотии, предизвици, но и успеси во борбата против идеолошката хегемонија на класно раслоеното експлоататорско општество.Истрајно, непокорно и непоколебливо се бориме против национализмот, империјализмот и капитализмот и нивните придружни појави кои имаат за цел угнетување на луѓето било каде во светот.
Преку вредностите кои ги негуваме, успеавме во Дуња да го создадеме и живееме општеството за кое се бориме. Веќе девет години Дуња ја претставува пркосната искра во сивилото и едноличноста на граѓанското општество, активно поддржувајќи ги борбите кои почиваат на класна, антинационалистичка и антиимперијалистичка основа во земјата и светот.
И нашата роденденска програма, е во духот на нашето делување, па ве покануваме на протест за поддршка на народот во Палестина, изложба од повеќе уметници, заедничко готвење, едукативен квиз и разни видови на музички настапи.
За повеќе детали, проследете ја програмата во продолжение:
Петок 03.10.2025
- 20:30ч Свирка Die Angst (Германија)
Сабота 04.10.2025
- 12:00ч Протест за поддршка на народот во Палестина
- 14:00ч Заедничко готвење и ручек
- 17:00ч Едукативен квиз
- 19:30ч Отварање на уметничка изложба
- 20:00ч Музичка селекција со Лени и Јане
- 21:00ч Medarski: електронска музика
Advertisement
Event Venue & Nearby Stays
Рајко Жинзифов 22, 1000 Skopje, North Macedonia, Улица Рајко Жинзифов 22, 1114 Скопје, Северна Македонија, Skopje, Macedonia, The Former Yugoslav Republic Of