Advertisement
Моќниот звук на еден од најзначајните бендови во македонската музичка историја, Архангел, предводени од Ристо Вртев, повторно ќе прозвучи во живо пред публиката на голем концерт што ќе се одржи на 13 јуни на стадионот на АРМ во Скопје. Овој концерт не е само настап, туку прослава на 44 години творештво на Ристо Вртев - четири децении во кои Архангел станаа синоним за уметничка доследност и нескршлив столб на македонската рок сцена. Како централен двигател и автор, Вртев низ годините успеа да го преточи колективниот немир во чиста уметност, поставувајќи ги стандардите на домашниот рок израз.
Архангел во моментов интензивно работи на својот петти студиски албум, а македонската публика ќе има ретка привилегија премиерно да чуе дел од новиот материјал, додека првиот официјален сингл се очекува наскоро. Концертот, симболично насловен „Срцевина“, е концептуално продолжение на длабоката поетика на Ристо Вртев.
„Срцевина“
Еден глас. Една приказна.
Билетите се пуштени во продажба онлајн на https://www.karti.com.mk/arhangel.nspx и преку нивната продажна мрежа низ цела Македонија.
Отворање на врати: 18:00 часот
Почеток: 20 часот
Со почит,
Тимот на Adriatica Records
Advertisement
Event Venue
Stadion Na ARM, Skopje, Macedonia, The Former Yugoslav Republic Of
Tickets
Concerts, fests, parties, meetups - all the happenings, one place.

