Advertisement
Во организација на Сојуз на Спортови на Скопје, а под покровителство на Град Скопје на 13 април 2025 ќе се одржи 13. издание на АВИЦЕНА ЖЕНСКА ТРКА.Право на учество имаат сите припаднички на женскиот пол без ограничување на возраст.
ПРОГРАМА
Настанот е предвиден да се одржи по следниот редослед:
• 09.40 – Аеробик загревање
• 10.00 – Старт на трка на 3км
• 10.45 – Прогласување на најдобрите
• 11.00 – Доделување награди од лотаријата
По завршување на трката ќе има забава.
КОТИЗАЦИЈА
• до 20.02.2025 / 400 денари
• до 03.04.2025 / 450 денари
ПРИЈАВУВАЊЕ
Пријавувањето е задолжително. Повеќе информации на www.zenskatrka.mk
Рокот за пријавување е и рок за уплата на котизацијата.
Пријавете се до 30 март 2025 и вашето име ќе биде испишано на стартниот број.
Рокoт за пријавување трае најдоцна до 3 април 2025.
На денот на трката не е можно пријавување.
Подигнување на стартните броеви ќе биде на 11 и 12 април, од 11:00 до 18:00 часот, а локацијата ќе биде дополнително објавена.
НАПОМЕНА: Во случај на презакажување на трката заради било какви причини уплатените средства не се рефундираат, пријавата ќе важи за следната трка.
СТАРТЕН ПАКЕТ
• стартен број со чип
• вода
• учество во лотарија
• подароци од спонзорите
МАИЦА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОДУКТ
При процесот на регистрација како дополнителен продукт може да купите и памучна маица со логото на трката.
НАГРАДИ
По завршувањето на трката ќе бидат доделени наградите од лотаријата и прогласување на најдобрите.
Секоја учесничка ќе добие стартен број со чип за електронско мерење на време. Трката има натпреварувачки карактер и трите најдобро пласирани во генерален пласман ќе добијат награди, а ќе има награди и за најдобрите три (според Chip Time) по возрасни категории.
КАТЕГОРИИ
• до 12 години
• до 14 години
• до 18 години
• до 30 години
• до 40 години
• до 50 години
• до 60 години
• дo 70 години
• 70+ години
По прогласувањето на најдобрите, следува доделување на наградите од лотаријата, извлекувањето ќе се одржи во живо еден ден пред трката на местото каде што ќе се подигнуваат стартните броеви. Во лотаријата учествуваат сите пријавени учеснички во трката со стартен број. Подароците ќе бидат обезбедени од партнерите на трката.
ПАТЕКА
Старт и цел на трката ќе бидат на бул. Илинден, во близина на Фонтана Лотос, а се трча еден круг од 3 км.
Advertisement
Event Venue & Nearby Stays
Фонтана Лотосов цвет, Градски парк,Skopje, Macedonia, The Former Yugoslav Republic Of