Advertisement
Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје заедно со Амбасадата на Кралството Шпанија во С Македонија, Град Скопје и Францускиот институт во Скопје, годинава, заеднички го одбележуваат Светскиот ден на книгата и авторското право со богата и интерактивна програма.Што е различно оваа година?
Прославата започнува на 20 април (понеделник) на плоштадот Македонија, каде што од 20 до 22 април, во периодот од 10:00 до 18:00 часот, посетителите ќе имаат можност:
* да добијат бесплатни книги,
* да учествуваат во интерактивни настани,
* да се пријават на некоја од турите што ќе ги организира Библиотеката на 23 април,
* да извлечат бројчиња за специјално изненадување кое ќе биде на 23 април.
Настанот ќе биде збогатен со присуство на специјални гости и соработници од:
* Македонскиот народен театар
* Археолошкиот музеј на Македонија
* Природонаучниот музеј на Македонија.
Овогодишното одбележување носи нов, динамичен пристап – излегување на книгата надвор од Библиотеката и директно приближување до граѓаните, со цел да се поттикне љубовта кон читањето и културата.
Кулминацијата на настанот ќе биде на 23 април, кога ќе има специјално изненадување за сите учесници.
Програмата ќе биде збогатена со книжевни средби, прошетки низ Библиотеката и музика за сите возрасти.
Ве покануваме да бидете дел од оваа уникатна книжевна прослава којашто ќе почне во 11:00 часот, во новиот дел на Библиотеката, Мултимедијалната читалница.
Advertisement
Event Venue
Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје, Boul. Goce Delcev no.6,Skopje, North Macedonia, Macedonia, The Former Yugoslav Republic Of
Tickets
Concerts, fests, parties, meetups - all the happenings, one place.







