Advertisement
Милко се парче жива историја на независната музичка сцена, јасен генерациски конектор меѓу македонскиот нов бран од првата декада на векот и она што денес е нов музички моментум. Притоа, особено возбудува силната потреба од одржување континуитет на една прекрасна музичка приказна - да се остане жив во неа, да се затворат двете раце околу едно кандилце во временскиот виор. А, го имаше годиниве.
На секој ќош и улица, и дома и во болница, купишта лични предизвици, сите радости и загуби од кои е составен животниот мозаик. Да се помине низ сето тоа без да исчезнат животните сокови, да се задржи страста и смисолот на пишување нова музика, е триумф на едно постоење и дар за сите нас.
Во нивниот каталог стои дека досега потпишале три албумски и исто толку ЕР изданија. Сега, некој ќе рече дека е тоа премалку за осумнаесет години постоење, но можеби токму студиозниот пристап во создавањето и slow cook менталитетот на оваа исклучително скромна екипа им донесоа долговечност и уште поважно - музичка релевантност низ времето. Тоа е јасно воочливо и при преслушувањето на нивното најново издание - Последен ден ЕР.
Всушност, се работи за колекција од четири сингла што овој бенд ги реализира во последните година и пол за Шарла Рекордс, означувајќи го враќањето на сцена по извесно време пауза. Нови песни и значајно освежен звук збогатен со присуството на две млади и талентирани музички дами - Хана Корнети (ќе го отвори настанот со својот соло настап) и Јоана Ристеска, се главните карактеристики на ова издание.
Полетно и искрено, со силен авторски печат во можеби едно од нивните најзрели остварувања со кое Милко го потврдуваат својот статус на музичката сцена овде.
Ова е секако совршен повод за повторна средба во живо. Промотивниот концерт ќе се случи во клубот Ѕе во ГТЦ на 7 март, и на него, покрај материјалот од ова ЕР ќе бидат отсвирени и постари ствари - вистински скопски инди евергрини.
Пролетта е на дофат, почитувани, а со неа и сите музички радости што Милко сѐ уште можат великодушно да ни ги подарат. И тоа како. Се гледаме.
Влез: 200 денари.
Advertisement
Event Venue
Македонски Паб 'Ѕе' / Macedonian Pub 'Dze', Коди, 1106 Скопје, Северна Македонија, Skopje, Macedonia, The Former Yugoslav Republic Of
Tickets
Concerts, fests, parties, meetups - all the happenings, one place.







