Advertisement
Диво месоГоран Стефановски
Режисер: Борче Начев
Кореографи: Алекандра Кочовска - Начева и Елена Антонова-Петровиќ
Избор на музиката: Борче Начев; Алекандра Кочовска - Начева и Елена Антонова-Петровиќ
Композитор: Албин Сопа
Ко-продукциски проект помеѓу РСМ НУ Македонски народен театар и АРТ КУЛТ-УРА!
Проектот е поддржан од Министерство за култура и туризам на РСМ
Премиерна изведба: Петок, 27 Март 2026
Времетраење: 60 минути
Пауза: Не
Сцена: Голема
„Диво месо“ е силна метафора за луѓето кои, под притисок на бедата и стравот, го губат човечкото во себе и се претвораат во „диви тела“ што сакаат само да преживеат. Ова танцово –музичко - сценско парче уметност, нема да зборува само за минатото, туку и за секое друго време каде што човекот се соочува со неправда, апатија и морална празнина.
Со оваа танцова постановка наметнуваме едно вечно прашање: дали човекот може да остане човек, кога светот околу него се распаѓа? „Диво месо“ е предупредување и огледало за нас, за општеството и за човечката совест.
„Диво месо“ е драма за распаѓањето на човечноста во време на страв, глад и морална пустина.
Во танцовата верзија, зборот прераснува во движење,танц, гест и тело – затоа што токму телото е најсилниот симбол на ова дело. Телото што гладува, страда, молчи, преживува... станува „диво месо“
Постановката се темели на физички театар и современ танц, со елементи на длабока емотивна состојба на ликовите преку актерска игра. Моќниот вербален дијалог на Стефановски сведен на есенцијалните реплики во драмата (Ќе има војна! Доста беше и ваков мир!) се изразува со ритам, дишење, пулс, треперење на телата. Сцената се гради и распаѓа заедно со ликовите.
ТАНЧЕРИ
Лука Ѓорѓиевски, Давор Милев, Дора Пајдакова, Мила Ангелова, Моника Ѓоргиева, Јана Ѓоршовска, Ивана Ралев, Небеска Шумковска, Кристина Петрова, Ана Митревска, Теона Димитриевска, Милена Тримческа, Мила Атанасова, Кристина Коцевска, Теона Голчева, Евгенија Павловиќ
Билетите се достапни на билетарницата на МНТ
Работно време од 13 до 20ч. секој работен ден, како и на онлајн платформата на www.mnt.mk
Advertisement
Event Venue
Македонски народен театар / Makedonski naroden teatar, 11 Март,Skopje, North Macedonia, Macedonia, The Former Yugoslav Republic Of
Tickets
Concerts, fests, parties, meetups - all the happenings, one place.










