Advertisement
🎶„Миланова игра“ е концерт-омаж посветен на еден од највлијателните македонски композитори и културни дејци – Милан Завков, автор кој со своето дело остави длабок белег во развојот, негувањето и афирмацијата на македонската народна музика и фолклор.Овој концерт има за цел повторно да го приближи неговото творештво до публиката преку современи музички интерпретации што ги спојуваат традицијата и современиот израз, при што делата ќе бидат изведени со камерен оркестар, специјално оформен за оваа пригода.
Програмата ќе опфати избрани вокални и инструментални композиции од опусот на Завков, кои ќе бидат преработени од двајца врвни аранжери – Дамир Имери и Дарко Илиевски. Нивните нови аранжмани ќе внесат свежина и модерност, комбинирајќи ја топлината на народниот звук со современи музички пристапи, хармонски решенија и оркестрации прилагодени за камерна изведба.
„Миланова игра“ е можност да се слушне наследството на Милан Завков како жива, актуелна и уметнички релевантна музика, наменeта за оние што ја препознаваат вредноста на македонската фолклорна традиција и сакаат музика со културен контекст, приказна и длабочина.
🎫Картите за концертот се достапни на https://mktickets.mk/event/milanova-igra/
📍Македонска Филхармонија
📅27.3.2026 | 🕗20 часот
Advertisement
Event Venue
Makedonska Filharmonija, Skopje, Macedonia, The Former Yugoslav Republic Of
Tickets
Concerts, fests, parties, meetups - all the happenings, one place.







