Advertisement
Премиерните изведби на мјузиклот „Као Какао“ ќе се одржат на 2 и 3 јуни во Македонскиот народен театар, со почеток во 20:30 часот.„Као Какао“ е македонски мјузикл инспириран од музиката на Влатко Стефановски – автор чиј звук со децении е дел од музичката меморија на публиката. Во претставата се вклучени избрани композиции кои ќе бидат изведени во нови аранжмани, подготвени специјално за оваа продукција.
Станува збор за мелодрамска љубовна приказна сместена во седумдесеттите години на минатиот век, каде што љубовта и амбицијата растат паралелно со притисоците на средината. Во обидот да успеат и да останат свои, младите ликови се соочуваат со невидливите граници на системот, стереотипите и сопствените стравови.
Текстот го напиша Венко Андоновски, а режијата е на Дејан Пројковски.
Аранжманите ги потпишува Бобан Мирковски, кореографијата е на Олга Панго, а сценографијата е на Валентин Светозарев.
Костимографијата ја потпишува Марија Пупучевска, вокален ментор е Ана Костадиновска. Асистент кореограф е Ирена Лозинска а асистент костимограф Марија Ѓоргиевска.
Во мјузиклот настапуваат:
Катерина Јовановиќ, Владимир Петровиќ, Биљана Драгиќевиќ Пројковска, Јордан Симонов, Рубенс Муратовски, Тања Кочовска, Нина Елзесер, Ања Митиќ, Наталија Теодосиева, Денис Абдула, Јована Спасиќ, Григор Јовановски, Стефан Спасов, Антонио Ташковски, Димитар Паскоски, Илин Јовановски, Тодор Стојковски, Бранко Михајловски, Ѓорге Нешковиќ, Анастасија Трајковска, Јована Миладинова, Анастасија Митровска, Леонида Гулевска.
Продуцент на проектот е Баги Комуникации, во копродукција со Македонскиот народен театар.
Продажбата на влезниците ќе биде отворена наскоро.
Пред официјалниот старт, овозможен е ран пристап до билети преку формата достапна на овој настан.
Цените се од 1.300 до 2.000 денари, во зависност од местата на седење.
Мјзуклот „Као Какао„ е овозможен од:
Триглав Осигурување Македонија
Шпаркасе банка
Тиквеш
Виталија
Божиновски - часовници и накит
Министерство за култура и туризам
Advertisement
Event Venue
Македонски народен театар / Makedonski naroden teatar, Мнт-Македонски Народен театар, Улица 11-ти Март, 1103 Скопје, Северна Македонија, Skopje, Macedonia, The Former Yugoslav Republic Of
Tickets
Concerts, fests, parties, meetups - all the happenings, one place.





