Advertisement
🎭 Започнува 50. издание на Млад Отворен Театар — педесет години современ дух, уметничка слобода и театар кој менува!Од 1976 година до денес, МОТ е повеќе од фестивал — тоа е културен континуитет, сцена на нови гласови и простор каде младоста, визијата и уметноста се среќаваат во експеримент, ризик и страст. Основан како иницијатива на младите уметници и интелектуалци кои веруваа во силата на театарот како општествен импулс, МОТ израсна во препознатлив симбол на автентична, храбра и слободна театарска мисла.
50. издание на МОТ го посветуваме на македонските автори, режисери и актери кои творат надвор од границите на Македонија, а чии дела го носат духот на нашата култура на светските сцени. МОТ ги слави тие гласови — храбри, автентични и непредвидливи — гласови кои ја спојуваат изворната сензибилност со меѓународниот контекст, создавајќи театар кој зборува универзално, но ја дише нашата култура.
Во сите години на континуитет, МОТ остана верен на својата идеја — да го поддржува современиот театар, да ги поврзува младите творци, да создава нови публика и да го афирмира алтернативниот театар како двигател на културата. Неговата моќ е во постојаната динамика: секое издание е нов дијалог со времето, со сцената и со општеството.
✨ 50. издание на МОТ е празник на театарот во сите негови форми — експериментален, документарен, визуелен, младински, алтернативен. И толку години подоцна, МОТ сè уште гори со истиот пламен: на љубопитност, на храброст да се биде и да се каже но и на едната, унверзална, уметничка вистина.
19.ноември
20:00
Македонски народен театар
"Лимениот добош", режија Васил Христов
Југословенско драмско позориште, Србија
-----------------------------
20.ноември
20:00
Младински културен центар
"Куќа на границата", режија Андреј Цветановски
Регионален театар Нови Пазар, Србија
------------------------
21.ноември
20:00
Младински културен центар
"Поручникот од Инишмор", режија Ѓорѓи Ризески
Адриана театар, Косово
+ МОТ Музички блок -влез - бесплатен!
ZWADA & THIS IS NOT [KOS] : 22:00
-------------------------
22.ноември
20:00
Младински културен центар
"Коштана", режија Јана Маричиќ
Народен театар Ниш, Србија
22:00
Младински културен центар
"Кученцето се засмеа", режија Ана Батева
СПАМ студио, Бугарија
---------------------------
23.ноември
20:00
Младински културен центар
"Границата", режија Совран Нрецај
ОДА Театар, Косово
18:00
ЈАДРО
"Врба", проект на Естер Бејкер и Искра Шукарова
--------------------------
24.ноември
19:00, 19:30, 21:00, 21:30, 22:00
Младински културен центар
"Ехо од длабочината", проект на Нина Николиќ и Борјан Стојков
20:00
Младински културен центар
"Слугинките", проект на Агнес Нокшиќи
--------------------------
25.ноември
20:00
Македонски народен театар
"Мајка Храброст и нејзините деца", режија Дејан Пројковски
Новосадски театар, Србија
📍Скопје | #МОТ50 | #МладОтворенТеатар
Програма е достапна и на веб-страната: mot.mk.
Билетите се во продажба од 13.11 (четврток) на веб страната на фестивалот.
Да живее #МОТ!
Advertisement
Event Venue & Nearby Stays
Младински Културен Центар, Младински Културен центар, 1125 Скопје, Северна Македонија, Skopje, Macedonia, The Former Yugoslav Republic Of
Tickets
Concerts, fests, parties, meetups - all the happenings, one place.







