Advertisement
Со слоганот „Вкуси ја хармонијата на билките“, од 14 до 16 ноември на приземјето во Скопје Сити Мол, ќе се одржи годишниот настан„Фестивал на чај“, на кој ќе се претстават 30-тина учесници.Фестивалот е во организација на Платформата за истражување и промоција на природата и културата „ Експедиција ПРИРОДА“/МРК Дијалог и Скопје Сити Мол.
На тридневниот фестивал, посетителите ќе имаат исклучителна можност да дегустираат и купат чаеви, продукти од ароматични билки, есенцијални масла и повеќе да дознаат за добрината на природата, традицијата, културата и моќта на лековитите билки.
Фокусот на фестивалот е автентичноста која ни ја дава природата преку ароматичните лековити билки од кои се подготвуваат чаеви, есенцијални масла и сапунчиња, мевлеми, препарати за здрав живот, мармалади, намази и колачи од билки и шумски плодови. Посебен простор е резервиран за пчелни производи, како природниот мед, козметика од мед и пчелни производи за поздрав живот. Неколку уметници и ракотворци ќе го дообојат фестивалот со рачно изработени чајници и филџани за чај. Посетителите ќе имаат можност да добијат и совети за поздрав живот од производителите на чаеви и есенцијални масла од ароматични и лековити билки.
На фестивалот учество ќе земат: Билна аптека „Матија“, ЛАСОИ и ЛаЧа ароматерапи, Билна аптека „Роза Канина“, Ливан Хербал, Китка дарови, Игнеа козметика, ЛаВита Агро - лаванда и смиље и органски етерични масла, АПИ - природна козметика, Хелт Шоп Македонија - есенцијални масла, Мое сапуче - природни рачно изработени сапуни, Студио за сапун 23 - природни рачно изработени свеќи и сапуни, Мирјана Ангелеска – производи од шумски плодови, Пчеларско здружение
-Природен мед, Мед Хепи - природен мед и пчелни производи, Пчеларство ПетроскиВ, Пчеларство Антови, Елена Манчевска-природна козметика и медни мевлеми, Гостилица-природен планински чај и Моја земја - дегустација на култивиран планински чај и традиционален ритуал ,„Сучење врвки“.
Во рамки на настанот учество ќе земат и факултети, институции и институти како: Институт „Конфуциј“/ УКИМ Скопје и Ботаничка градина/ПМФ/ИДСБ.
Целиот настан ќе го дообојат ракотворци како: ТиноСки - персонализиран чаен аксесорис, рачно сликан витраж на стакло, Шарено ќоше - персонализиран, рачно сликан чаен аксесорис, ЕКО восични обвивки и Флуиднада (дигитален илустратор, дигитална илустација аплицирана на порцелан).
ПОПРАТНИ НАСТАНИ ВО РАМКИТЕ НА ФЕСТИВАЛОТ НА ЧАЈ
Во рамки на Фестивалот на чај на истата локација, дефинирани се и попратни настани како едукативни работилници и перформанси:
• Петок 14 ноември / од 18 до 21 часот
-Музички перформанс/македонска етно модерна и поп/Акустична музика/ од 18 до 19 часот
-Церемонијата на чај на кинескиот Институт „Конфуциј“ при УКИМ,
кинески инструментален перформанс, кинески танц, перформанси на студентите на Институтот „Конфуциј“ при УКИМ, калиграфија и презентација на кинеската хартиена техника/од 19 до 21 часот
• Сабота 15 ноември/од 12 – до 14 часот
„Македонскиот планински чај “ со Здружение „Моја фарма“- дегустација и едукативна сесија за заштитата и првото култивирање на македонскиот планински чај. Едукативна работилница „Босилек сучење врвки“ традиционален ритуал, поврзан со билното културно наследство
• Сабота 15 ноември/ од 14 до 18 часот
Со едукативно катче ќе се претстави и Ботаничката градина при ПМФ од Скопје и студентите од ИДСБ (Истражувачко друштво на студенти биолози), кои ќе ги презентираат македонските билки, науката и младиот потенцијал биолози. Во научното катче, децата и возрасните ќе можат заедно со ИДСБ да истражуваат хербариум и инсектариум и преку бинокулар (стереоскопски микроскоп) да ја погледнат димензијата на минијатурните семиња и инсекти. И супер интересната работилница- Хотел за инсекти.
• Сабота 15 ноември/ „Време за чај“ од 17 до 18 часот. Работилница „Волшебниот зелен чај“ и дегустација на ЛаЧа чаеви, водена од фармацевт Соња Станковиќ од ЛАСОИ и ЛаЧа ароматерапи .
• Недела 16 ноември /од 12 до 14 часот
Кинеска церемонија на чај на Институтот „Конфуциј“ при УКИМ, музички перформанси на студентите на „Конфуциј“ и работилници за калиграфија и хартиена техника
• Недела 16 ноември / од 14 до 15 часот
„Сапунче“ Работилница за изработка на сапунчиња од природни состојки со „Мое Сапунче“ – цена за учество на работилницата: 300 денари, резервации на моб: 075 286 500 Јована, [email protected]
Заследете не на фан страниците:
Facebook: Фестивал на чај/Tea Festival
Instagram: Nature Expedition
Facebook: Skopje City Mall
Instagram: Skopje City Mall
www. Фестивал на чај / Tea festival
www. Skopje City Mall
www.natureexpedition.org
Advertisement
Event Venue & Nearby Stays
Skopje City Mall, Fresh Express, Булевар Партизански одреди, 1119 Скопје, Северна Македонија, Skopje, Macedonia, The Former Yugoslav Republic Of
Concerts, fests, parties, meetups - all the happenings, one place.









