Advertisement
Ни претставува чест да ве поканиме на промоцијата романот „Годините“ од француската нобеловка Ани Ерно што годинава излезе на македонски јазик. Промоцијата ќе се одржи на 1. ноември од 19:00 часот во бифето на МКЦ. За книгата ќе разговараат Андријана Папиќ Манчева, преведувачката на романот, заедно со Ведран Диздаревиќ, уредникот на изданието и Катерина Шекутковска, главната и одговорна уредничка на издавачката куќа „Илика“. Покривајќи го периодот од крајот на Втората светска војна, па сѐ до почетоците на XXI век, романот „Годините“ претставува уште едно нурнување на Ани Ерно во сликите на сопствените сеќавања и обид да се прикаже врската помеѓу два речиси еднакво недофатливи ентитети: субјективното „јас“ кое живее и пишува и објективното „таа“ врз коешто историјата го втиснува својот груб печат.
Ја опишуваат како бестрашно искрена книга, со која животот на Ерно се трансформира во историја, а сопствените спомени во колективна меморија на една генерација. Притоа, може да се гледа како еден вид „Во потрага по загубеното време“ на Пруст преосмислена за нашето време на доминација на медиумите и на консумеризам, за нашиот период на фетишизам на апсолутното удопство.
Со „Годините“, Ерно востановува еден нов вид на автобиографско пишување – жанр што американскиот писател Едмунд Вајт парадоксално го нарекува „колективна автобиографија“. Истовремено субјектива и имперсонална, авторката си задава една нескромна задача – безмалку да ги прикажеживотот и времињата на една цела генерација.
Advertisement
Event Venue & Nearby Stays
Младински Културен Центар, Кеј Димитар Влахов 15,Skopje, North Macedonia, Macedonia, The Former Yugoslav Republic Of
Concerts, fests, parties, meetups - all the happenings, one place.









