Advertisement
ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА “ИНДИГО СОЛЗИ“ ОД НИНО НАУМОВСКИ27 октомври 2025 година, 19:19 часот
Салон Импреријал 2
Книгата ќе ја промовираат Снежана Стојчевска и Александар Русјаков
Нино Наумовски роден на 13.6.2005 година во Скопје, тој е млад музичар, поет и автор од Скопје, студент на факултет за музичка уметност. Средно училиште завршил во гимназијата „Никола Карев“. Од своите гимназиски денови тој пишува поезија, а со музиката се занимава уште од основно училиште. Неговата поезија е претставувана во различни публикации и читана на многубројни настани „Скопје си ти“, „Денови на поезијата“, „Рацинови средби“, „Бела ноќ“. Во 2024 година на манифестацијата „Антево перо“ го добива најзначајното признание од сверата на поезијата, наградата која се доделува на млади поети „Антев часовник“ за својата збирка „Индиго-солзи“. Исто така беше дел од работилницата за креативно пишување во организација на градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје, од каде што произлегува и „Компилација на иднината“ збирка поезија од млади автори во која има негова поезија.
Освен со поезија тој паралелно и активно се занима со музика како сценски изведувач и со водителство на неколку културни насатни. Нино Наумовски се појавува како ветувачки глас на македонската книжевна и културна сцена.
Новата генерација македонски поети и поетеси треба да ја очекуваме кај оние родени во новиот милениум. Еден од нив е Нино Наумовски кој со својата збирка песни „Индиго солзи“ треба да ѝ се престави на македонскта читатлеска публика. Со само деветнаесет години, младиот Наумовски пушта врз нас дожд од индиго солзи преточени во зрели стихови и нè фрла во едно чудесно патување под чадорот на осаменоста, низ градот и мечтите на сопствените видувања на сето она што го опкружува.
Нино Нумовски пишува со леснотија како тоа да е обична прошетка. Неговата душа пее за градот што го живее, градот што живее во него, за луѓето со кои се среќава и нивните сенки со кои се разминува, за чувствата што им ги дава на тие луѓе и чувствата што ги краде од нив, но и оние, скриени чувства што не се за светот кој нè опкружува, ама мораат да излезат од неговото срце како поезија.
„Индиго солзи“ е бит-балада на младоста што се соочува со првите предизвици на зрелоста, рокенрол-елегија за бунтот што произлегува од бесмислените апсурдни детали на патетичноста и поетичноста меѓу сивилото на бетонот измалтретиран од туѓи солзи и чекори, како и сивилото на небото извалкано од емотивни отрови, издувни гасови и нечии туѓи фрустрации.Многумина мислат дека денес младите се изгубени во брзината на технолошката модернизација, дека за ништо веќе немаат интерес и трпение, а иделаите ги губат со секој нареден поглед вперен во дисплејот на мобилниот телефон каде ги чекаат социјалните мрежи за во нив да бидат уловени од безидејноста. Тоа воопшто не е вистина.
Стихозбирката „Индого солзи“ на Нино Наумовски го изнесува пред нас токму спротивното и ја демантира нашата заблуда од позиција на возрасни набљудувачи на младоста што надоаѓа. Оттука, убеден сум дека оваа книга мора да ја види светлоста на денот затоа што сведочи за свежата крв на креативноста. Како наједноставно да ви ја приближам поезијата во стихозбирката „Индиго солзи“? Напишана од „дете на новиот милениум“, ова поетско првенче ве носи на патешествие низ „звуците на градот“, каде секоја тажна „курва“, станува „фем фатал“, во потрага по својата „слобода“, која слобода младиот поет ја наоѓа на едноставни места како „под липите во септември“, или во трепетот на некоја „ѕвезда“, скриена во погледнот на „убавица“ среде полноќна прошетка, чија убавина ќе ти донесе „токсично“ задоволство, но само „ако истраеш“, ќе најдеш „одмор“, во „прашина“ од изгазена „надеж“ која ти вели, „да си интелектуалец“ значи да си „зависник“ од непотребно „сеќавање“ и одвишок „самотија“, во „филм-ноар“ каде „реалноста“ е само „мечта“ низ која „изгубени“ млади луѓе трагаат по својот „сон“ за да го најдат како кошмар во туѓите „очи“, вперен „поглед во зеницата на ѓаволот“ кој ти дава врел „бакнеж“ за да станеш свесен дека иднината е „илузија“, оти сите сме изложени во „бутикот за месо“.
Advertisement
Event Venue & Nearby Stays
Културно информативен центар - Скопје, Сц Вардар, Улица Мирче Ацев, 1106 Скопје, Северна Македонија, Skopje, Macedonia, The Former Yugoslav Republic Of
Concerts, fests, parties, meetups - all the happenings, one place.






