Advertisement
На барање на публиката и сите кои немаа можност да ја видат изложбата организираме Отворен вторник во Отворено графичко студио за затварање на изложбата „Чергари, патници“ со промоција на каталог во издание на Музејот на град Скопје.Вторнички се знае дека музиките се во селекција на единствениот Владимир Муратовски - Диво, а ќе цртаме и печатиме во живо, затоа понесете си со себе другар и „вашата шоља чај“.
„Чергари, патници“ е патување низ архетипите на колективната меморија со изложба на графики и книга во сито печат изработени изминатата година во студиото на Партизанска штампа. Инспирирана од традиционалната македонска орнаментика и нејзината симболика и форма, изложбата го следи патот на визуелниот јазик на културното несвесно од народниот вез до современата графика.
Особена благодарност до екипата која работеше неуморно и без кои ова архивирање на изложбата во вид на каталог немаше да биде можно:
Организатор: Атанас Ботев.
Дизајн: Ангела Маневска.
Автор на фотографии: Јелена Белиќ.
Лектор: Ѓоко Здравески.
Аудиозапис: Ѓорѓи Јаневски.
Со почит,
Партизанска штампа
Advertisement
Event Venue & Nearby Stays
Отворено графичко студио - Музеј на град Скопје, XCRH+CJQ, Св. Кирил и Методиj, Скопје 1000, Skopje, Macedonia, The Former Yugoslav Republic Of
Concerts, fests, parties, meetups - all the happenings, one place.







