Advertisement
Некои автори пишуваат хитови. Единствениот Кире Костов, напиша историја.Во негова чест, на 11 ноември ве каниме да бидете дел од незаборавно музичко патување, да ги слушнеме неговите безвремени композиции.
Неговата музика е вткаена во нашите животи – во радоста и тагата, во љубовта и смеата, во солзите и разделбите. Повеќе од 700 песни, но уште повеќе неброени моменти што живеат преку неговите ноти.
Ова ќе биде вечер кога ќе оживеат неговите композиции и ќе се потсетиме колку е силно влијанието на неговата музика врз сите нас, затоа што - Музиката е живот а животот е музика!
На сцената ќе застанат голем број македонски музичари и негови блиски соработници – генерации обединети од и во неговата музика.
Не пропуштајте вечер исполнета со благодарност и љубов кон маестро Кире Костов, заокружена со вечната „Летај галебе“.
Деталите ќе ги споделуваме во деновите што следат.
Концертот е поддржан од Министерството за култура и туризам.
Advertisement
Event Venue & Nearby Stays
Nacionalna opera i balet - National Opera & Ballet, Улица Гоце Делчев 4, 1125 Скопје, Северна Македонија, Skopje, Macedonia, The Former Yugoslav Republic Of
Tickets