Advertisement
Диригент:Бисера Чадловска
Наратор:
Мартин Јорданоски
Светска и македонска премиера на Симфониската суита „Итар Пејо“ од Филип Иванов
Делото на македонскиот композитор Филип Иванов „Итар Пејо“, како што кажува и самиот наслов, е инспирирано од популарниот македонски лик од нашата традиција, лукавиот и снаодливиот Итар Пејо. Тој е познат како симбол на итрец, којшто успева да се справи со неправдите и предизвиците преку својата интелигенција и снаодливост. Особено е итар во надмудрувањето на богатите или на оние коишто сакаат да го искористат…
Делото на Иванов е поделено на седум делови со поднаслови коишто укажуваат на течението на нарацијата: „Триумфот на Итар Пејо пред селскиот кмет“, „Танцот на измамата: Маската на Пејо“, „Меланхолија на исчезнатата паричка“, „Шегите на Итар Пејо“, „Итар Пејо во судир со неправдата“, „Инспиративниот говор на Итар Пејо“ и „Свадбата на Пејо“.
Ова е прва симфониска суита од македонски автор која обработува лик од македонската фолклорна традиција, а е наменета за деца и млади.
*** Композицијата е дел од наградените композиции коишто пристигнаа на Конкурсот, а којшто НУ Филхармонија на РСМ го распиша минатата година за откуп на дела од македонски автори наменети за симфониски оркестар.
Advertisement
Event Venue & Nearby Stays
Bul. Goce Delcev br. 2, 1000 Skopje, Republic of Macedonia, Улица Гоце Делчев 2, 1125 Скопје, Северна Македонија,Skopje, Macedonia, The Former Yugoslav Republic Of
Tickets