Advertisement
Настан Семос Едукација Водно 10к 2025Датум 30.03.2025
Почеток 10:00 часот
Патека Средно Водно, Скопје
Организатор СЕМОС Едукација/Атлетски клуб Фортиус
Семос Едукација како најголем IT тренинг центар во Македонија, на 30 март и оваа година ќе го организира спортскиот настан "Семос Едукација Водно 10К", чија основна цел е промоција на спортот, рекреацијата и здравиот начин на живот.
Техничката организација ќе биде целосно реализирана од Атлетскиот клуб Фортиус од Скопје. Право на учество има секој вљубеник во трчањето.
Трки
• 10км
• Меморијална штафетна трка „Борјанчо Мицевски” (2x5км) - составена од двајца учесници
Стартот на трката е од Средно Водно, ќе се трча до манастирот "Свети Пантелејмон" и назад, со вкупна должина од 6 милји, односно околу 9,6 км. Покрај трката од 10км, ќе се трча и штафета со пријава на двајца учесници кои ќе трчаат по 5км по истата патека, а измената ќе биде на паркингот кај манастирот „Свети Пантелејмон“.
Секој тим е може да е во мешан состав и се состои од 2 членови.
Тимовите може да бидат составени од индивидуалци или вработени во компании, организации, институции и сл. Една компанија може да пријави неограничен број на тимови со додавање на реден број или збор после името.
Кај штафетната трка, награди од спонзорите ќе добијат првите три пласирани екипи во машка, женска и мешана штафета.
Секој тим го охрабруваме да трча во сопствена брендирана облека со која ќе го претстави идентитетот на својата компанија.
Награди
Награди за главната трка на 10км се предвидени за првите пет места во машка и женска конкуренција:
1. 9.000 денари + 200 евра Семос ваучер
2. 7.000 денари + 200 евра Семос ваучер
3. 5.000 денари + 200 евра Семос ваучер
4. 3.000 денари
5. 2.000 денари
Награди од спонзорите се предвидени и за првопласираните во машка и женска конкуренција во следните категории:
• 50+
• 60+
• 70+години
Кај штафетната трка, награди од спонзорите ќе добијат првите три пласирани екипи во машка, женска и мешана штафета.
Стартен пакет
• Стартен број со чип
• Освежителни станици на патеката и на целта
• online резулати
• online диплома
• бесплатни фотографии
• Подароци од спонзорите
• Финишер медал
• 50 евра Семос ваучер
Котизација
• 10 км до 15.01.2025 изнесува 700 денари,
од 16.01.2025 до 20.03.2025 800 денари
• штафета до 15.01.2025 изнесува 1200 денари,
од 16.01.2025 до 20.03.2025 1400 денари.
Рок за пријавување
Пријавувањето е отворено до 20.03.2025 до 23:59 часот.
Пријавување на: https://runnerspot.com/event/Semos10K
Advertisement
Event Venue & Nearby Stays
Средно Водно, Универзитетски клуб - Св. Кирил и Методиј, Скопје, Северна Македонија,Sopiste, Sopište, Macedonia, Skopje, Macedonia, The Former Yugoslav Republic Of